Популарната пејачка Сека Алексиќ одлучила да започне деловна соработка со својот пријател и уметнички директор Станислав Закиќ, кој се грижи за нејзиниот визуелен идентитет.
Имено, пријателот и соработник на Сека Алексиќ е задолжен за музичката ѕвезда да изгледа, како што сите велат, никогаш подобро од сега.
Пејачката наскоро лансира своја модна линија, а на приватна забава на која настапи се појави во огнено црвен фустан од нејзината колекција.
Нашминкана и дотерана, Сека позираше во гаража покрај црвен автомобил пред самиот настап. Се шушка дека наскоро ќе издаде нов албум и ќе ги израдува своите обожаватели.
Како што истакна и самата атрактивна пејачка:
– Доаѓа нова Диско Сека! – кратко рече таа.