Пејачката овојпат одлучи во нејзината нова колекција да доминираат парчиња облека во кои секоја жена ќе се чувствува посакувано и допадливо, каде материјалите ја истакнуваат женската фигура, без разлика дали некоја е пополна или послаба.
Сека Алексиќ во неколку наврати покажа дека модата и музиката се нераскинливо поврзани, а сега тоа продолжи да го докажува лансирајќи го новиот моден бренд наречен „Second skin by Seka“, а во рамките на брендот и линија од колекцијата „Stage“.
Пејачката овојпат одлучи во нејзината нова колекција да доминираат секси парчиња облека во кои секоја жена ќе се чувствува посакувано и допадливо, каде материјалите ја истакнуваат женската фигура, без разлика дали некоја е пополна или послаба.
Накратко, секоја жена ќе се чувствува како светска ѕвезда во секое парче облека од колекцијата „Stage“.
– Новата колекција целосно го отсликува личниот сензибилитет на Сека: секси, а сепак умерен. Сакавме да создадеме колекција каде жените ќе се чувствуваат силни, сензуални и моќни. Мислам дека успеавме во тоа. Издадовме лимитирана колекција која е повеќе за забави и излегувања. Веќе напорно работиме на пролетната колекција, а претходно многумина ќе израдуваме со уште некои изненадувања – вели уметничкиот директор на Сека, Станислав Закиќ.