Пејачката не крие дека е возбудена
Големото враќање на Маја Беровиќ по една година пауза. Музичката ѕвезда им се враќа на концертните активности, а прва станица на патот е Белград каде во среда ќе одржи спектакуларен настап.
За концертот на Маја има голем интерес, а таа вели дека ја сака публиката и напорно работи на нови песни кои со задоволство ќе и ги претстави на јавноста во наредниот период.
– Неверојатно е убаво чувството кога знаеш дека по долго време се враќаш на работата што ја сакаш, а особено на публиката што со нетрпение очекуваш да ја видиш на концертите. Како што многупати сум кажала, мојата публика е таа што ми дава сила за се што правам. Не сме биле заедно долго време и ми недостасува таа енергија. Го сакам тоа што Белград е прв на мапата на моите концерти, а наскоро ќе се видиме и во сите други градови – изјави Маја во интервју за белградските медиуми.