Победничката на „Фарма 6“ и поранешна учесничка на реалното шоу „Задруга“ Станија Добројевиќ привлекува големо внимание со своите објави на Инстаграм
Освен провокативните фотографии кои Станија ги прикачува на својот профил, во нејзините приказни често се и секојдневните активности и уживањето со нејзиниот миленик Пабло.
Станија овој пат им се пожали на следбениците дека има многу облека, чанти и други работи кои и се вишок, а ќе се обиде да ги продаде или подари. Во таа прилика го покажа речиси секој агол од својот стан, собата со гардероберот, катчето за шминкање, дневната соба.
На таванот има огледало кое е точно над креветот, па нема сомнеж дека Станија има многу возбудливи ноќи во домот.