Таа по втор пат се оствари во улогата на мајка
Манекенката Софија Милошевиќ се породи во неделата доцна навечер во Мадрид.
Софија и Лука Јовиќ го добија вториот син, а породувањето поминало добро и манекенката се чувствува одлично.
Како што пишуваат српските медиуми, својот син го крстиле Теодор.
Лука во оваа прилика ги почести соиграчите во Данска каде моментално престојува со репрезентацијата, а кои се пошегуваа со него дека прави само синови.
Инаку, Лука и Софија го добија првиот син Алексеј на 8 септември 2020 година, а манекенката исто така се породи во Мадрид.
Ова е трет син на Лука, бидејќи од врската со Анџела Маниташевиќ го има синот Давид.