По прикажувањето на филмот „Тома“, многумина се запрашаа дали тој навистина бил заљубен во Силвана
На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледаат тројцата починати легендарни пејачи Тома Здравковиќ, Силвана Арменулиќ и Бора Дрљача.
Во прашање е свечен прием организиран од локални организатори.
Тогаш Тома и Бора биле на почетокот на кариерата, додека Саилвана веќе била на врвот. Пејачката група била срдечно пречекана, а доказ за тоа е оваа интересна фотографија на која јадат печено пилешко. Немало нож и вилушка бидејќи било послатко да се јаде со прсти.
По прикажувањето на филмот „Тома“, многумина се запрашаа дали Тома навистина бил заљубен во Силвана.
Вдовицата на Тома, Гоца Здравковиќ, во една прилика искрено изјави дека мисли дека меѓу нив постоела некоја специфична врска.
– Ми зборуваше за Силвана, дека е добар другар, пријател со неа. Мислам дека имаше специфична врска меѓу нив. Познавајќи го мојот сопруг, бидејќи тој беше од заљубљива природа, веројатно бил заљубен во неа, бидејќи таа била недостижна за него во тоа време. Кога Силвана почина, тој беше навистина очаен. Не можеше да сфати дека веќе ја нема. Имаа специфична врска, во секој случај во прашање беа емоциите.