Пејачката Ана Николиќ конечно стави крај на шпекулациите дека во алкохолизирана состојба ја носела својата ќерка во градинка.
Пејачката Ана Николиќ долго време е на естрадата и е навикната на разни коментари, но кога се работи за нејзиното дете, тоа е единственото нешто што може да ја погоди. Таа е личност која не ја засегаат медиумските приказни, но она што навистина ја погоди е кога еднаш се шушкаше дека пијана го носи детеѕо во градинка.
Ана реши да проговори на оваа тема и стави крај на шпекулациите.
„Приказната дека ја носам ќерка ми во градинка пијана е една од најгрдите приказни што некогаш сум ги прочитала за себе. Мислам дека најмногу ме повреди во мојата досегашна кариера од две едноставни причини. Една затоа што не е вистина и второ бидејќи во обид да ме понижат, го вклучија и моето дете“, изјави пејачката.
Таа потоа откри дека нејзиниот брак со Стефан Ѓуриќ Раста пропаднал, но дека двајцата останале во одлични односи.
Мене и Стефан секогаш ќе нè поврзува најважното нешто во животот – нашето дете. Поради неа сме во контакт, бидејќи нејзиното здраво растење е најважно“, вели Ана и додава:
„Тара е родена со силен, нераскинлив карактер. Тука сум да го негувам и да го водам нејзиниот карактер, да ја научам да не дозволи никој да ја спречи. Таа е девојка која повеќе сака диносауруси, пред здолништа и барбики. Ја поддржувам нејзината уникатност и секогаш можам да бидам строга, но многу почесто сите проблеми ги решаваме со разговор, бидејќи е многу зрела“, изјави Ана Николиќ.