СИТЕ МИ СЕ ЧУДЕА ШТО СНИМАМ ДУЕТ СО НЕГО: Тони Цетински откри непознати детали за соработката меѓу него и Тоше Проески

popara29 април, 20221min00
Screenshot 2022-04-29 004634

Тони го снимил дуетот со Тоше од најискрени причини, сакал да им помогне на младите пејачи

Еден од најпопуларните регионални пејачи Тони Цетински се присети на покојниот Тоше Проески кој не напушти пред 14 години.

Имено, Проески го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка и го зацрни регионот, а Цетински се присети на соработката и пријателството со него и откри нови детали.

– Сакам да им помагам на помладите и го немам тоа его и проблемот дека некој ќе ме загрози. Тоа беше најактуелното прашање кога снимив дуетска песна со Тоше Проески. Се разбира, некои се прашуваа како и зошто. Зошто да не направам дует со некој што убаво пее.

Цетински додаде дека сака да соработува со помлади колеги, како и дека суетата отсекогаш му била страна.

– Тој начин на размислување е старомоден од некои стари системи каде некои постари пејачи се пазат и внимаваат некои помлади да не ги покријат со своето пеење. Мене тоа ми е страшно– додаде Цетински.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma