За неа бременоста е убаво искуство!
Пејачката Маја Беровиќ одбројува до породувањето, а неодамна откри дека ќе се породи во една клиника во Австрија. Таа секој ден ужива во бременоста, одмара во својот дом, а сега реши да одговори на прашањата на своите следбеници на Инстаграм. По тој повод Маја го откри точниот датум кога треба да се породи, што јаде најмногу во бременоста и дали има други проблеми.
– Како би ја опишала бременоста? – беше прашањето.
– Најубавото искуство во животот. Со нула мачнини и какви било проблеми – напиша пејачката.
Како што напишала, очекуваниот датум е 20 февруари, а пејачката сака природно породување.На прашањето дали се плаши од породувањето, таа даде јасен одговор.
– Не, одиме само јако! – рече Маја.