Старлетата Сораја Вучелиќ наводно доживеала несреќа во Албанија, јавуваат локалните медиуми. Според сознанијата и информациите на „Република.рс“, Вучелиќ моментално е во болница.
Инаку, Сораја со години наназад мами воздишки со својот предизвикувачки изглед, па така беше и на црногорското приморје каде летуваше поранешната ријалити ѕвезда. Екипата на емисијата „Папарацо лов“ ја фати Вучелиќ во Тиват како ја вози својата скапа машина, а посебно внимание привлече кога го напушти бесното возило.
Поранешната учесничка на „Големиот брат“ секојдневно на социјалните мрежи објавува слики и видеа на кои се фали со луксузот во кој ужива, а неодамна откри од каде и се парите за сите тие скапи чанти и луксузни дестинации.
Откако и беше забранет влез во Србија, Сораја живее на релација Дизелдорф – Москва. „Имам компании во Германија, повеќе уживам во Москва, но ги сакам и нашите места. Веќе не сум тип кој сака да излегува, повеќе ручек, вечера, патувања со пријателите. Јас сум вечен авантурист. Дури и кога живеев во Белград, не знам дали бев на исто место 10 дена, тоа ми е најубав период од животот. Ја сакам Србија, тоа е најубавиот период од мојот живот. Најмногу ми недостига да соберам големо друштво, најголем дел од друштвото ми е во Србија, тоа ми недостига. Не сакам нови пријателства, ги негувам со години, со кого се дружам, на кого верувам… Не сум за нови познанства“, истакна неодамна Сораја за „Премиерен викенд специјал“.