Една од најпознатите учеснички на српските реални шоуа сподели фотографија на својот Инстаграм профил со возачот на Скудерија Алфа Таури.
Паузата во Формула 1 шампионатот ја искористи Пјер Гасли, бидејќи по трката во Унгарија, која се одржа на патеката Хунгароринг, четири недели нема да има конкуренција. Возачите се на „колективен“ одмор до крајот на август, кога ќе возат на патеката Спа-Франкоршамп во Белгија. Сезонава освои 16 бода, а најдобар финиш имаше во Азербејџан, кога го освои петтото место.
Што се однесува до Сања Станковиќ, таа на српската јавност и е позната по учеството во реалното шоу „Задруга“, каде имаше турбулентна врска со Јована Томиќ. Потоа изгради кариера како водителка и модел, а интересно е што дури има и неколку снимени песни.