Поранешната „задругарка“ Станија Добројевиќ наводно си пронашла ново момче со кое деновиве ги поминува во Италија.
Добројевиќ пред пет месеци раскина со манекенот и поранешен „задругар“ Марко Марковиќ, но неодамна се заљубила во млад бизнисмен.
– Станија помина три месеци во Америка и таму го запознала сегашното момче преку пријател. Станува збор за момче кое е од Србија, но живее и работи во Мајами. Кога почнал да и се додворува, таа му рекла дека не е подготвена за нова врска, и дека наскоро ќе се врати на одредено време во Србија. Но тогаш тој и ветил: „Како дете често доаѓав во Србија. Ќе дојдам пак по тебе на крајот на август“ – за медиумите раскажува пријателката на Станија и додава дека младиот бизнисмен еден ден и се јавил и рекол дека доаѓа за Белград.
– Кога виде што сè е спремен да направи за неа, се воодушеви! Тој гест ја собори, па завршија заедно уште тој ден! Потоа ја изненадил со при-пејд одмор во Италија. Таму се веќе осум дена. Толку им е убаво што не планираат да се вратат дома наскоро! Со него дефинитивно го преболела Марко.