ТОНИ ЦЕТИНСКИ ЈА НАВРЕДИ ПУБЛИКАТА НА НАСТАП: Бидејќи не плативте за концертот, нема да ви ги отпеам моите три најголеми хита!

popara31 август, 20221min00
Screenshot_5

Популарниот кантавтор Тони Цетински неодамна ја навреди публиката во Бар кога ја напушти сцената по шокантната изјава

 

 

Тој пееше во неделата на концерт во Бар, во рамките на манифестацијата „Лето со ѕвездите“, но овој настап на Тони нема да остане во најдобро сеќавање на публиката. Имено, по час и половина пеење, на шеталиштето покрај морето, Тони им се обрати на присутните со зборови кои го разочараа и налутија мнозинството.

 

– Бидејќи концертот го плати Туристичката организација на Црна Гора, а не вие, концертот е бесплатен за вас, затоа вечерва нема да ви ги испеам моите три најголеми хита – рече Тони.

 

По оваа реченица, публиката во Бар помислила дека се работи за шега, која Цетински често ја прави за време на неговите настапи.

 

Меѓутоа, кога пејачот го повтори истото и ја напушти сцената, публиката остана во чудо. Набргу потоа присутните не го криеја разочарувањето и гневот што го споделија на социјалните мрежи:

 

– Ова е непрофесионално однесување и непочитување на публиката која дојде да ги слушне твоите песни! Срамота – беше еден од стотиците коментари и критики упатени кон Тони Цетински.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma