Топлотниот и сончевиот удар воопшто не се безопасни, научете навреме да ги препознавате симптомите

24 јули, 20220
Screenshot_18

Треба да се избегнува директно изложување на сонце во периодот од 10 до 17 часот, особено децата, трудниците, постарите лица, срцево болните и пациентите со хронични заболувања.

 

 

Топлината може да предизвика исцрпеност и топлотен удар и може да ги влоши постоечките состојби, како што се кардиоваскуларни, респираторни, бубрежни или ментални заболувања, а при високи жештини треба да се следат советите од здравствените институции.

 

 

Во најтоплиот дел од денот треба да избегнувате излегување на отворено и физичка работа, а се препорачува и редовна употреба на производи со заштитен фактор.

 

Ви ги пренесуваме телесните знаци кои не смеете да ги игнорирате.

 

Топлотен удар

 

Ова е најтешката последица од летните горештини, а симптомите се:

 

  • силна главоболка
  • гадење и вртоглавица
  • висока телесна температура
  • црвена кожа (без потење)
  • губење на свеста

Неопходно е веднаш да повикате брза помош.

 

Сончев удар

 

 

 

Најчестите симптоми се:

 

  • сува кожа со значително зголемена телесна температура
  • главоболка
  • вртоглавица
  • немири
  • конфузија
  • црвенило на лицето, набрзо проследено со зуење во ушите, проблеми со видот и слабост

 

Во најтешките случаи, лицето е зашеметено, со проширени зеници, па дури и може да се онесвести. Пулсот е брз, а дишењето е плитко и брзо. Лицето треба да се стави под сенка што е можно поскоро и постепено да се лади како во случај на топлотен удар. Децата и постарите лица се особено подложни на сончев удар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi