УЖИВА ВО РАСКОШ Емина Јаховиќ летува со синовите во ЛУКСУЗНО одморалиште! Кафето чини 80 евра, а цената на ноќевање ќе ви зададе главоболка!

popara30 јули, 20221min00
403426_screenshot-23_f

Пејачката Емина Јаховиќ не штеди пари кога се во прашање одморите, а ноќевање во сместувањето кое го резервирала чини над илјада евра!

Емина се одмара во Турција со синовите Јаман и Јавуз, а за да ја направи атмосферата комплетна, одамна резервирала одморалиште каде една ноќ чини повеќе од илјада евра. Фотографиите на Емина од одморот доволно говорат за тоа колку таа ужива во животот покрај море, а наводно на располагање го има целиот луксуз што го овозможува резортот.

– Емина уште лани го резервирала летувањето во овој комплекс, каде престојуваат и светски ѕвезди, бидејќи листите на чекање се долги и не може секој да најде слободно место. Станува збор за комплекс кој строго ја чува приватноста на гостите и затоа во него се собираат многу холивудски ѕвезди. Овде нема соба во која ноќевање чини помалку од 500 евра по лице, а не сум сигурен која ја земала Емина бидејќи цените достигнуваат и до две илјади евра. Со оглед на тоа што е со синовите, сметката ќе и биде милионска ако зборуваме во динари, вели извор кој случајно се нашол во овој хотел за работа.

Screenshot 2022-07-30 131456
Screenshot 2022-07-30 131513

– Таа има и приватна јахта, која постојано и е на услуга, па често оди во скриените заливи и плажите во околината со најмалите. Во живо е преубава, а да не зборуваме за нејзиното тело. Премногу е посветена на своите синови. Тие имаат посебен балдахин на плажата каде што се опкружени со келнери за се што им е потребно во текот на денот од храна и пијалоци до услуги за масажа или забава за деца. Емина дури вози и џет ски, се гледа дека е љубител на адреналин.

Според изворот, по пејачката се вртат многу луѓе, но тој не ја видел во машко друштво.

Screenshot 2022-07-30 131532
Screenshot 2022-07-30 131548
Screenshot 2022-07-30 131602

– Во одморалиштето има многу негувани и убави жени, сите се припаднички на понежниот пол кои се грижат за себе и имаат дебел паричник или се богато мажени па својот изглед го корегирале како што им одговара. И покрај тоа, Емина има харизма и кога ќе помине, ретко кој не се врти да ја види, истакнува изворот кој вели дека само специјалното кафе кое се служи во ова одморалиште со најквалитетно млеко чини 80 евра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma