Пејачката Милица Павловиќ денеска го слави својот 31-ви роденден, а за таа прилика реши да облече предизвикувачки фустан
Милица денеска наполни 31 година, а по тој повод приреди гала забава. Пејачката се погрижила за секој детал, вклучително и за роденденскиот аутфит, па за нејзината модна комбинација ќе се зборува уште долго.
Павловиќ се одлучи за краток црвен фустан кој одлично ја истакнува нејзината извајана фигура и секако, сандали со високи потпетици.
Сепак, она што на многумина им падна во очи е мрежата над фустанот, која има постава во боја на кожа, и која создава впечаток дека Милица открива повеќе отколку што треба, односно дека е целосно гола под мрежата.
Се разбира, тоа не е точно, но набљудувачите секако можат да се препуштат на својата имагинација.