Пејачката Соња Коциќ зад себе има успешна музичка кариера повеќе од две децении.
Соња Коциќ со задоволство се сеќава на своите почетоци, а и покрај бројните нумери што ги има снимено досега, сепак жали за една песна која „за влакно“ ја испуштила. Песната ја изведе Марија Шерифовиќ и стана голем хит.
„На седумнаесет години ја отпеав песната „Во недела“, која Леонтина ми ја напиша и таа песна е моја. Се сеќавам дека среде ноќ Леонтина ми испрати демо – верзија без текст. Само почеток на строфата. Буквално, песната ми беше напишана, потоа испеав демо – верзија и со таа песна требаше да настапам на фестивалот во Будва во 2003 година“, вели Соња и додава:
- „Меѓутоа, се случи откако ја отпеав, да не биде баш уверлива поради мојата возраст и искуство. Потоа ми ја напишаа песната „Кошуља“ со која отидов во Будва. Неколку месеци потоа, ги слушав песните за Беовизија и ја слушам Марија како ја пее „Во недела“ во сосема поинаков аранжман, јас и Леонтина бевме во контакт и таа ми рече дека не сум доволнозрела, но не ми е јасно, зошто не ми ја оставија и не почекаа да пораснам. Но, сепак тоа е работа на композиторот“, изјави пејачката.
Со оглед на тоа што веќе некое време сите брмчат за „поп војната“ помеѓу Милица Павловиќ и Ана Николиќ, Соња откри дали некогаш би се однесувала како Николиќ и ја објави демо – верзијата од песната „Во недела“, која се уште ја чува.
„Не би го пеела тоа демо сега, можеби би ги замолил Леонтина и Марија да ја отпеам во поинаков аранжман, на начин на којшто ја доживувам сега на 36 години. Можеби истото ќе ми се случи и мене, да земам нечиј туѓ хит, ете на Марија од тогаш и започна кариерата“, истакна Соња.