Фолк пејачката Цеца Ражњатовиќ деновиве ужива на топлите Малдиви.
Дел од атмосферата ја пренесува преку социјалните мрежи, а она што ги предизвика коментарите на фановите е најзиното беспрекорно тело.
Облечена во бикини, пејачката позираше на егзотичното место и предизвика лавина позитивни коментари од нејзините следбеници на социјалните мрежи.
На ова патување таа е без својот партнер Богдан, кој во моментов ужива во една поинаква, снежна идила на Златибор.
Таа инаку кога пристигна таму веднаш се снимаше и покажа во каков луксуз ужива, па се сними со разбушавена коса и целосно без шминка, по што предизвика лавина на коментари.
– Овде никој не се средува, тоа е поентата, да уживаме во слободата, рече Цеца во видеото, по што имаше различни коментари дали треба да ја гледаат фановите во такво издание или не.