Сите го коментираа речиси идентичниот стајлинг на мајката и ќерката
Модните избори на јавните личности секогаш привлекуваат големо внимание во јавноста, а додека се снима најгледаното музичко шоу во регионот „Ѕвезде Гранда“, сите очи се вперени во комбинациите на облека на членовите на жирито.
За стајлингот на Цеца Ражнатовиќ имаше многу коментари, а вистинскиот бум дојде кога нејзината ќерка Анастасија се појави во многу слично издание во „Амиџи шоу“.
Таа потоа откри дека претходно и соопштила на мајка си што планира да облече, како и дека ситуацијата ја изнервирала. Цеца ја откри својата страна на оваа приказна.
– Анастасија не се расправаше, мене ми беше многу смешно бидејќи кога ги виде фотографиите рече: „Па, одлично ми го ископира стајлингот“, велам: „Жими мајка не знаев“. Се случува кога имаш две јавни личности во куќата, да ти се случуваат такви работи – одговори Ражнатовиќ, па се пошегува дека ја ископирала.
– Не копирам, туку крадам – рече со насмевка членката на жирито и додаде дека нема потреба да се краде облека бидејќи се е во нејзината куќа.