„Јас сум формирана личност, никој не може да ме промени“: Вака Цеца зборуваше за врската со Богдан пред раскинувањето

popara3 февруари, 20221min00
bogdam

-Јас сум зрела, стабилна личност, и тој е таков човек па не ни е тешко да функционираме – изјави неодамна фолк ѕвездата.

Веста дека пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ ставиле точка на врската која траеше повеќе од една година ја разбранува јавноста, па и двајцата порачаа дека ќе останат пријатели засекогаш.

Цеца пред неколку недели отворено ја коментираше нивната врска.

Bogdan Srejović svima pokazao kako uživa sa Cecom! (foto) || Gloria

– Тешко е сега нешто да ме промени, бидејќи јас сум формирана личност, а и тој. Нашата врска се заснова на љубов, доверба и компромис, бидејќи без компромис не може, нема еднонасочна улица. Јас сум зрела, стабилна личност, и тој е таков и не ни е тешко да функционираме. Многу добро знае со кого е во врска, и јас знам што сака, што му одговара и многу сум среќна. Смирена сум, среќна и задоволна, а тој мир нема цена – изјави тогаш таа за „Пинк“.

Цеца потоа откри зошто не сака повторно да стапне на „лудиот камен“.

– Не морам ништо да бркам. Се реализирав како мајка, што ми е најважно во животот и таа хартија не ми значи ништо за да функционира врската. И тој има брак и дете зад себе, ниту тој брка некои работи, сега да формира семејство и да очекува деца, па ни јас… Само ни одговара да сме заедно, да поминуваме што повеќе време заедно, да си го правиме животот подобар, секојдневието, а таа хартија апсолутно нема да ја надгради мојата врска, ниту да донесе нешто поубаво, поново – изјави таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma