Пејачката сега покрена иницијатива на веб-страницата „Peticije.online“ да го запре убивањето на диви животни во Србија
Јелена Карлеуша со денови жестоко ги критикува актерите кои се занимаваат со лов, а најпрвин го поткачи Вук Костиќ, а потоа и неговите колеги Бане Томашевиќ и Милош Биковиќ кои се фотографирале во Ловното друштво на Србија.
Пејачката сега покрена иницијатива на веб-страницата „Peticije.online“ за запирање на убивањето на диви животни во Србија, а подолу напиша:
– Дивите животни во Србија се пред истребување! Елени, диви свињи, мечки, лисици, зајаци, фазани… Ова се само дел од видовите кои повеќе нема да постојат до 2030 година поради немилосрдно убивање од нелуѓе кои себеси се нарекуваат „ловци“, „љубители на животни“ и „љубители на природата”. ! Ловот не е „спорт“ како што сакаат да нагласат убијците на животни, бидејќи спортот е фер-плеј. Во убивањето нема ништо фер. Напротив! – почна таа и додаде:
– Станува збор за подмолно и кукавичко убивање на прегладнети и уплашени животни низ Србија од страна на 85.000 регистрирани убијци на животни. 85.000 легално вооружени убијци на животни ловат и убиваат додека Србија молчи. Ловот не е „хоби“ туку убиствен нагон кај психопатите и социопатите. На таквите не им е место во природата со оружје, туку зад катанец. Србијо, обедини се и заштити ги дивите животни кои се природно богатство и гордост. Стоп на ловот, стоп на масакрот, стоп за убијците на животни!!! Престанете да убивате за забава! Стоп за истребување на животните! Добри луѓе, обединете се против нелуѓето – стои пред нејзиниот потпис како автор на петицијата.
На овој апел досега се потпишале повеќе од 7.000 луѓе.