Јелена Карлеуша прослави 27 години кариера во цветното издание: „Успеавме, нели?“

popara24 април, 20221min00
jelena-karleusa-830x0

– Многу сум среќна што наскоро ќе го слушнете мојот нов албум и се што ви подготвивме – напиша Јелена

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша денес, 24.04.2022 година, слави 27 години кариера.

Имено, таа на својот Инстаграм објави пролетна фотографија на која позира на зелена трева во својот двор.

ЈК носеше цветен фустан со доминантна розова боја, а во преден план беа нејзините долги извајани нозе. Пораката под сликата израдува многу нејзини следбеници.

– Хероина. Денес славам 27 години кариера. Што се преживеавме заедно, драги мои… Успеавме, нели? А најдоброто допрва доаѓа. Многу сум среќна што наскоро ќе го слушнете мојот нов албум и се што подготвивме за вас. Заслуживте бидејќи сте со мене сиве овие години, а јас го ценам тоа – напиша Јелена.

Веднаш следеа бројни лајкови и коментари.

„Едвај го чекаме новиот албум“, „Среќна годишнина кралице“, „Ти благодариме што никогаш не се откажуваш“, „Те сакаме најмногу на светот и едвај го чекаме албумот“, „Се гордееме со тебе“, се само дел од пораките под објавата на Карлеуша.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma