ЈК: „ПРАШАЈТЕ ГО ДУШКО ЗА БРАКОТ!“ Сè мирисаше на проблеми

popara11 јануари, 20221min00
Screenshot_3

Новата година за пејачката Јелена Карлеуша започна бурно. По спектакуларниот новогодишен концерт во Белград, Карлеуша на Божиќ доживеа семејна драма.

 

Имено, Јелена во полиција го пријавила сопругот, фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ за семејно насилство. Како што објавија медиумите, Тошиќ наводно ѝ удрил шлаканица на пејачката пред своите блиски.

 

Да потсетиме, првото основно јавно обвинителство во Белград неодамна му предложи на судот да ја продолжи итната мерка за забрана на фудбалерот Душко Тошиќ да се приближува и да комуницира со неговата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша.

 

Карлеуша во својата новогодишна исповед за еден магазин зборуваше за бракот, а од оваа перспектива може да се заклучи дека не било се идеално во нејзиниот брак.

 

– Петнаесет години се борам за зачувување на бракот. Мислам дека жените секогаш се повеќе наклонети кон таа институција.

 

Таа не прецизираше за каква борба се работи и дали се работи само за традиционалната женска борба. На забелешката на новинарката дека веројатно е погрешно напишанббројот на години, бидејќи нејзиниот брак трае од 2008 година, таа рече:

 

– Математиката никогаш не ми била силна страна, особено тие мали бројки. Колку и да сум мажена, тоа трае само и исклучиво затоа што го одржував. Жената е столб и ‘рбет на секое семејство. Сите жени на Балканот се борци од тој вид, ми се чини.

 

Прашањето беше дали мисли дека сега кога Душко ја заврши играчката кариера таа борба ќе треба да биде пожестока или сѐ ќе биде полежерно.

 

– Интересно е што такви прашања никогаш не им се поставуваат на мажите. Еве идеја, прашај го ова, Душко. Можеби тој има визија за неговата борба со бракот во иднина.

 

Јасно беше дека Јелена не сака многу да зборува на оваа тема, барем не во онаа мера што можеше во претходните години. Но, на настапот пред Собранието најголема поддршка ѝ дадоа нејзиниот сопруг и ќерките. Семејството е секогаш безбедно засолниште, логичен заклучок кој се наметна. Сепак, бракот е друга приказна, а по актуелната случка без сомнение влегува во ново и многу сериозно искушение.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma