4 ситуации кога ВОДАТА може да биде ОПАСНА по ЗДРАВЈЕТО! Еве кога треба да избегнувате да пиете вода

21 февруари, 20220
Screenshot_2

Нутриционистите и лекарите обично препорачуваат да пиеме по осум чаши вода секој ден, но некои експерти велат дека потребната количина зависи од личноста. Без разлика на овие спротивставени мислења на лекарите, она што е непобитно е дека хидратацијата на организмот е исклучително важна …

 

Водата е неопходна за метаболизмот и нормалните физиолошки функции. Во исто време, обезбедува внесување на есенцијални материи како што се калциум, магнезиум и флуор. Помага за исфрлање на токсините од виталните органи, а ги носи хранливите материи до клетките, ја хидрира кожата, ја одржува нормалната телесна температура и притисок.

 

Сепак, постојат ситуации кога всушност не треба да пиете вода или кога треба да го намалите нејзиниот внес на минимум. Нефрологот Вадим Цветков открива во кои случаи поголема количина течност повеќе би му штетила на организмот отколку што би му користела.

 

 

Налевањето  не е добро

 

Експертот препорача пред сѐ да внимавате на бојата на урината.

 

Ако е светло жолта и може да се опише како проѕирна, тогаш тоа укажува на доволен внес на течности. Односно, не мора да претерувате и да го бркате препорачаниот внес од осум или повеќе чаши.

 

Секако, ситуацијата во која не се препорачува налевање со вода е и кога веќе сте внеле доволно други течности, чаеви, сокови и слично. Како и кај дехидрацијата, вишокот на влага во ќелиите ќе доведе до несовпаѓање на електролитите.

 

 

После јадење, за време на вежбање

 

Нефрологот укажа и на грешката која многумина ја прават, а тоа е да пијат вода веднаш после јадење.

 

Во овој случај ќе има надуеност и чувство на тежина во стомакот. Ефектот од забрзување на метаболизмот, кој е поврзан со внесот на вода, овојпат ќе изостане, само ќе создаде поголеми проблеми.

 

Друга грешка што ја прават речиси сите кои се физички активни лица е што пијат течности додека вежбаат. Д-р Цветков вели дека не треба да пиете многу вода за време на интензивниот тренинг.

 

Бидејќи телото губи важни соли и елементи во трагови, секако е подобро да се пијат специјални пијалоци за спортисти кои ги надополнуваат овие хранливи материи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma