4 состојки, БЕЗ млеко и брашно, а се топат во устата: Чоколадните срца ќе станат ваш нов ОМИЛЕН десерт

26 март, 20220
277919_shutterstock-1011996580_ff

Пробајте ги совршените колачи кои се подготвуваат многу брзо, а не ви треба ништо повеќе од состојките кои веќе ги немате дома.

Овој десерт познат како чоколадно срце е погоден и за оние со алергии на млечни производи, не содржи брашно, а како замена за шеќер можете да додадете и кокосов шеќер.

Сигурно ќе ви стане омилен десерт бидејќи се подготвува многу лесно и брзо, а е хранлив и вкусен.

Состојки:

4 јајца

250гр темно чоколадо со што поголем процент на какао

150 гр путер

4 лажици шеќер

Подготовка:

Најпрво загрејте ја рерната на 180 степени, па одвојте ги жолчките и белките. Изматете ги белките и шеќерот за да добиете цврст снег.

По ова растопете ја чоколадата со путерот на пареа, изматете ги жолчките со миксер и додајте ги чоколадото и путерот. Добиената смеса соединете ја со белките и сè лесно измешајте со шпатула.

Печете 20-25 минути и внимавајте да не се препече.

Кога ќе се испече, извадете го колачот, оставете да се излади. Подгответе ги калапите и кога целосно ќе се изладат извадете форми по желба.

Овој десерт можете да го послужите со сладолед, крем од ванила или нешто друго по ваш избор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma