5 бои заради кои вашиот стајлинг ќе изгледа поскапо

20 ноември, 20220
f_26914905_1280

Ако сте од оние кои не патат за скапи ткаенини, но сепак би сакале да имате неколку добри парчиња во вашата гардероба кои, без разлика на цената, можат да изгледаат квалитетно, па дури и „скапо“, тогаш овој водич е за вас.

Всушност, истражувањата покажаа дека одредени бои ги доживуваме како „скапи“, иако можеби воопшто не сме потрошиле многу пари на нив. Затоа следниот пат пред да посегнете подлабоко во вашиот џеб, погледнете го вашиот омилен high street бренд за да видите дали тие имаат парчиња во некоја од овие бои во нивната актуелна колекција. Во исто време, секако, внимавајте материјалот да не е евтин, бидејќи во овој случај ниту добро избраната боја не може да помогне.

Квалитетните ткаенини, монохроматската облека и остри кроеви се првите чекори. Што се однесува до боите, избегнувајте ги неонските нијанси во секој случај, освен ако не сте непоправлив следбеник на трендовите.

МОЌНО ЦРНО

Црната боја е најчестиот избор за елегантен стајлинг. Палетата на оваа боја, сепак, вклучува тонови кои се надополнуваат еден со друг, создавајќи вистински контрасти. Доволно е само еден поглед на стиловите на уличните ѕвезди и веднаш ќе забележите дека модните инсајдери често се потпираат на црната боја.

image

НЕВИНА КРЕМАСТА

Најмеката и најсветлата нијанса за есенската и зимската гардероба е кремастата, а не белата. Носете ја дури и за да создадете монохроматски изглед, играјќи си со различни текстури.

image

СИТЕ НИЈАНСИ НА КАФЕНА

Богатата боја на чоколадо, беж и сите земјени нијанси се основа за стајлинг кој изгледа добро, елегантно и да – скапо. Овие неутрални нијанси исто така одлично се комбинираат со златни детали, се разновидни по тон и го надополнуваат секој стил.

image

ВПЕЧАТЛИВИ РОЗЕВИ И ПОРТОКАЛОВИ

Можеби не е најочигледниот избор, но сепак, смелите нијанси како светло портокалова или розевата на Валентино даваат шмек на луксуз на секој стајлинг, особено ако знаете добро да ги комбинирате. Кога ќе изберете облека во овие бои за есенската сезона, нека бидат топли џемпери, костуми, капути или модни додатоци.

image

ТЕМНО СИНО

Доколку не сте љубители на црната боја, тогаш одберете темно сина, која лесно се комбинира со бела, црвена, кафена, сребрена… Изгледа скапо и не случајно ја носат богатите на јахти или е на Кристијан Диор омилена боја.

image

ВЕЧНА СИВА

Сивата боја е уште една боја која секогаш има моќ да изгледа скапо. Оваа боја лесно се комбинира со црна, сина, бела, но и светли бои, што ни овозможува да создадеме безброј аутфити кои изгледаат многу добро.

image

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi