5 најпопуларни модели на очила за сонце: Неизбежен моден додаток на пролетниот стајлинг

21 март, 20220
shutterstock2033802908-830x0 (1)

Освен што ги штитат очите од УВ зрачењето, очилата се и незаменлив моден детал кога сонцето конечно ќе ги замени сивите облаци. Производителите на очила за сонце секоја година презентираат нови модели, а тоа секако е случај и за пролетната сезона.

Очилата за сонце одамна се незаменлив додаток за секоја модерна жена, а со правилен избор на очила можете да ја комплетирате секоја комбинација на облека.

Очилата ги избираме најмногу според обликот на лицето, за добро да ни стојат, но дефинитивно ви предлагаме да „ѕирнете“ и да дознаете кои модели ќе бидат во тренд оваа година.

1. Очила со бела рамка

Сигурно сте забележале на социјалните мрежи дека правоаголните, пластични очила за сонце се враќаат во мода. Овие модели најчесто доаѓаат во бела боја, а тоа е една од причините зошто дамите ги обожаваат, бидејќи можат да ги комбинираат речиси со се.

2. Тренд број еден

Во последните неколку месеци овие очила станаа апсолутен хит. Најпрво почнаа да ги носат ѕвездите како Ким Кардашијан, а набрзо го преплавија светскиот пазар, па пристигнаа и кај нас. Судејќи според фотографиите на социјалните мрежи, овие очила за сонце моментално се тренд број еден!

3. Ленонки во боја

Кога некој ќе каже „ленонки“, повеќето луѓе мислат на тркалезни, мали црни очила за сонце. Ваквите „ленонки“ беа во трендот на деведесетите, а денес се толку многу променети што е тешко да се избере најубав модел.

4. Животински принт

Годинава излозите ќе бидат украсени со патики, кошули, здолништа, фустани и маици со мотиви на зебра, тигар, леопард и змија. Покрај овие парчиња облека, модните експерти одлучија очилата за сонце со животински дезени да бидат задолжителен тренд за пролетта 2022 година.

5. „Мачка“

Во последните години ниту еден тренд поврзан со очилата не можеше да помине без мачкеста рамка. Класично, а и модерно – тоа е комбинација која ги отвора сите врати, особено за дамите кои сакаат да истакнат некои делови од лицето, како што се јаготките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma