5 одела во шарени бои кои ќе доминираат оваа пролет

27 февруари, 20220
shutterstock2033802908-830x0

Зимскиот стил на облекување е препознатлив по слоевите и темните бои кои преовладуваат во секоја комбинација на облека. Многу се разликува од пролетниот стил кој со нетрпение го очекуваме.

Модните дизајнери веќе некое време ги форсираат светлите бои и ги инспирираат жените со своите креации да носат облека во портокалова, розова, сина, зелена и жолта боја.

Костумите во светли бои се на врвот на листата кога се во прашање трендовите за пролетта 2022 година. Судејќи по фотографиите на познатите инфлуенсери, можеме да заклучиме дека костимите во светли бои играат голема улога во нивните стајлинзи.

1. Розево за секоја пригода

Во женски розев костум ќе изгледате привлечно и женствено. Овој костум можете да го комбинирате со речиси се – чевли, патики, штикли, кошула и маичка.

2. Неколку бројки поголем костум

Овој многу удобен и лежерен костум не е резервиран само за деловни пригоди. Можете да го носите и во дневна и во вечерна верзија.

3. Портокаловото одело е секогаш добар избор

Костумите во светли бои ви даваат можност да експериментирате и на тој начин да создадете импресивен стил. На вас останува да ја изберете вашата омилена нијанса.

4. Жолтото одело како синоним за пролет

Жолтата и црната се две крајности кои совршено одат заедно. Доколку сакате еднобојни комбинации, но сепак сакате да внесете малку свежина во вашиот стајлинг, тогаш оваа комбинација е идеална за вас.

5. Секогаш во тренд – кралско сина

Морско синиот костум е класика, а сигурно нема да погрешите ако го изберете оној во кралско сина боја. Идеален е за комбинирање со облека во различни нијанси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma