5 причини секојдневно да јадете барем по една банана: Го регулира притисокот и дава енергија

20 јануари, 20220
banana-830x0

Бананите се неверојатно здраво овошје кое го обожаваат сите генерации. Освен што се многу практични, нашироко се користат во подготовката на слатки деликатеси, а бананите имаат и низа здравствени придобивки.

Ова овошје не содржи масти и холестерол, а богато е со калиум, манган, витамини Б6 и Ц, но и влакна. Една банана со просечна големина има околу 110 калории.

Достапни се во текот на целата година, се многу пристапни и можат да се најдат на секој чекор, што ги прави одличен избор кога сакате да јадете нешто здраво и хранливо.

Еве пет причини зошто треба да ги вклучите бананите во вашата секојдневна исхрана.

1. Помагаат при слабеење

Просечната банана има околу 110 калории, богата е со растителни влакна, не содржи холестерол и масти, а овие хранливи состојки овозможуваат чувство на ситост и го забрзуваат варењето, што придонесува за одржување на витката линија, а позитивно влијае и на нашиот изглед. Оваа храна го отстранува и вишокот вода од телото и на тој начин успешно помага во борбата против целулитот.

Кога сте во процес на слабеење, бананите се добар избор како ужина, бидејќи ќе ве држат сити долго време и ќе спречат непотребно прејадување или грицкање помеѓу оброците. Благодарение на магнезиумот со кој се богати, ќе спречат и појава на ненадејно дебелеење после диета.

2. Даваат енергија

Бананите содржат три вида шеќер – фруктоза, саркоза, гликоза, комбинација која заедно со влакната одлично делува на нашиот организам и му дава енергија. Истражувањата покажаа дека само две банани дневно се доволни за 90 минути интензивна работа.

Исто така, докажано е дека бананите се поефикасни и поздрави од кој било енергетски пијалок кој е полн со шеќер. Имено, бананата подобро влијае на нивото на допамин, невротрансмитер кој директно влијае на расположението, но и го одржува на високо ниво еден час по консумирањето на ова овошје.

3. Го регулираат крвниот притисок и здравјето на срцето

Здравите јаглехидрати содржани во оваа храна ни помагаат да се откажеме од внесувањето на лошите. Содржи малку сол, но е богат со калиум, кој игра значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и здравата функција на срцето. Премалку калиум во телото, имено, може да предизвика нерамномерно чукање на срцето, а со тоа и нарушување на крвниот притисок.

4. Мамурлак

По бурната ноќ и уште неколку чаши, бананата е одличен сојузник во борбата против мамурлакот. За тоа е одговорен и калиумот од бананите, а лекарите препорачуваат едната банана да ја јадете пред спиење, а другата по будењето.

Мамурлакот на овој начин значително ќе се намали и ќе се ослободите од болните главоболки. Бананите помагаат и во намалување или целосно отстранување на утринската мачнина кај трудниците.

5. Подобра концентрација

Неодамнешните истражувања покажаа дека бананите ја подобруваат концентрацијата. Позитивно делуваат на мозочните клетки благодарение на минералите кои ги содржат, а едно истражување во текот на кое биле набљудувани студенти покажало дека оние студенти кои јаделе банана наутро имале подобра концентрација во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi