7 работи кои можеби не сте ги знаеле за неверојатната Доминиканска република

23 февруари, 20220
62238465

Тропската клима, долгите песочни плажи и тиркизното море ја направија Доминиканската Република исклучително посакувана туристичка атракција. Но, колку добро ја познавате оваа централноамериканска земја на Карибите? Ви откриваме неколку интересни детали за неа.

1. Во Карипското Море има две земји со слични имиња – Доминика и Доминиканска Република. Доминика се наоѓа на истоимениот остров од 754 квадратни километри, додека Доминиканската Република зафаќа две третини од источниот дел на островот Хиспаниола и зафаќа речиси 49 илјади квадратни километри.

2. Санто Доминго е главен град на Доминиканската Република и најстарата европска населба на американскиот континент. Основана е од Вартоломеј Колумбо (брат на Кристофер Колумбо) во 1496 година на реката Озам.

3. Пико Дуарте е највисокиот врв на Доминиканската Република и на сите острови на Карибите. Се издига до 3098 метри.

4. Дали сте љубител на водопади? Задолжително посетете една од најголемите туристички атракции во Доминиканската Република наречена 27 водопади Дамајаг кои ви овозможуваат да ја истражите прекрасната природа на оваа земја.

5. Доминиканската Република го има единственото знаме во светот со Библијата. Се вели дека Библијата е отворена за Евангелието според Јован, поглавје 8, стих 32, кој вели: „Ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи“.

6. Мама Хуана е името на алкохолниот пијалок кој доаѓа од Доминиканската Република. Се прави од рум, црвено вино, мед, кора од дрвја и билки. Се смета за афродизијак.

7. Доминиканската Република е единствената земја каде што е пронајден син скапоцен камен наречен Лаример. Тој беше „официјално“ откриен од Мигел Мендез во 1974 година и го доби името по неговата ќерка Лариса и францускиот збор за море – мер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma