‘AND JUST LIKE THAT’…добиваме уште една сезона на серијата која многумина обожаваат да ја мразат

23 март, 20220
And-Just-Like-That

Серијата која уште пред почетокот на снимањето предизвика контроверзии и поделени мислења, рестартирањето на серијата „Sex and the City“ наречена „And Just Like That…“ ќе има уште една (барем) уште една сезона.

Речиси дваесет години од финалето на серијата (ако ги игнорираме филмовите) што ги следеше животите на повеќе или помалку слободните жени на Менхетен во митската ера од доцните 1990-ти и почетокот на 21 век, го доживеавме нивното враќање на сцената со нови проблеми и нови пријателства.

Кејси Блојс, главен директор за содржина за HBO и HBO Max, рече дека „And Just Like That“ е најуспешната оригинална серија на компанијата досега, така што не е изненадување што постои интерес од нивна страна да го продолжат нејзиниот животен век. Креаторот Мајкл Патрик Кинг и ѕвездата и извршен продуцент Сара Џесика Паркер се согласуваат, и двајцата изразија желба да ја продолжат серијата во интервјуа.

Серијата „Sex and the City“ некогаш беше револуционерна и на некој начин така може да се гледа и „And Just Like That“, која се фокусира на жените во педесеттите години, нивните проблеми и радости. Од објавувањето, серијата предизвика различни реакции кај обожавателите на оригиналната серија, пред се поради сознанието дека Ким Катрал нема да ја видиме во ликот на незаборавната Саманта Џонс. Се обидоа да го задржат нејзиното присуство со пораките што ги разменуваше со Кери, но без нејзиниот остар хумор некако не беше исто, а не можеме да се надеваме на неа ниту во новата сезона… Се почувствува и загубата на еден од омилените ликови Стенфорд Блач, заради прераната и трагична смрт на актерот Вили Гарсон.

Во првата епизода беше „исфрлен“ ликот на г-дин Биг, што остави простор за поинтересен заплет и мноштво нови ликови кои исто така придонесоа за нови заплети.

Не можевме а да не се запрашаме … дали Миранда ќе има среќа во новооткриената романса со Че (не го гледаме тоа како сигурно), на кого Кери ќе „фрли око“ (можеби продуцентот на нејзиниот подкаст?)?

Одговорот на овие прашања ќе го добиеме во втората сезона, која треба да одговорои многу непознати – од која новите членови на актерската екипа ќе се вратат на датумот на снимање и емитување. Со оглед на тоа што првата сезона се снимаше во летните месеци и почна да се емитува во декември, и покрај преполните распореди на главните ѕвезди, фановите се надеваат на сличен календар кога е во прашање втората сезона. Но, едно е сигурно – нема да недостигаат интересни модни комбинации. Дали ќе ја следите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma