‘AND JUST LIKE THAT’ ФИНАЛЕ: Кери со нејзиниот последен аутфит ја надмина Емили во Париз

5 февруари, 20220
Carrie-Bradshaw

Се чини дека нема што не е кажано за серијата „And Just Like That“, а сепак, за темите кои серијата ги започна може да се зборува засекогаш. Контроверзна уште пред да започне снимањето, серијата предизвика разочарување кај љубителите на оригиналната серија „Сексот и градот“, но реакциите не беа исклучиво негативни.

„And Just Like That“ ни донесе стилски епилог на приказната за една сингл Њујорчанка во нејзините триесетти, убедувајќи нè дека е можно да стекнете нови пријатели во педесеттите години и дека секое време е добро за нов почеток. Имајќи го тоа на ум, последната епизода може да се гледа како навестување за „среќен крај“, но остава простор и за нова сезона за која фановите веќе почнаа да шпекулираат.

Lookovi iz serije And Just Like That

А таков отворен, горко-сладок момент заслужува соодветна бајковита мода. Носител на тој драматичен изглед беше, очекувано, Кери Бредшо. Смртта на г. Биг во првата епизода од ова рестартирање означи дека дошла нова ера, со различни теми и преокупации, но тоа се провлекуваше низ целата серија. Иако Кери не беше обична вдовица завиткана во црно, нејзиниот последен изглед беше вистинска прослава на животот и – високата мода. За последната разделба со Биг и истурање на неговата пепел, Кери отиде до Париз (затоа што како што саркастично рече Оскар Вајлд: „Кога добрите Американци умираат, тие одат во Париз“) носејќи неверојатно прекрасен фустан Valentino couture.

Во портокалов фустан, со оперски ракавици во светло розова боја, Кери ја истури пепелта на нејзиниот покоен сопруг од парискиот мост од чанта во облик на Ајфеловата кула. Врвниот моден додаток за кој Емили би „умрела“ во Париз е чантата обложена со кристали Сваровски и изработена од дрво од багрем, дело на Тими Вудс, со цена од – 4500 долари!

Сепак, не можеме да кажеме дека Кери буквално ги фрлила парите затоа што веќе ја носела оваа чанта, кога таа и г. Биг бараа стан, па тоа има дополнително значење за нејзиниот лик. Овој изглед, се разбира, не можеше да остане незабележан од обожавателите кои се прашуваа – дали Кери го потроши целото наследство на Биг на облека? А бидејќи таа повторно е автор на бестселерот и водител на подкастот, можеме само да кажеме – зошто да не?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma