„EMILY IN PARIS“ ОДИ ВО ЛОНДОН? Се што знаеме за претстојната 3-та сезона на хит серијата

16 април, 20220
Emily-in-Paris-0647057054

Гледајќи ја од чиста желба или претставувајќи ја како „виновно задоволство“, тешко дека би можеле да одолеете на слатката и лоша привлечност на хит серијата „Емили во Париз“.

Популарната серија од пандемските денови ги забавуваше гледачите во 94 земји ширум светот, со над 107 часа гледани во првите 4 дена од втората сезона, пишува Variety. Затоа, логично е да се очекува дека многумина со ентузијазам ќе ја дочекаат веста дека пред нас се 3-та и 4-та сезона!

Откако Американката Емили се пресели во Париз во нејзината прва сезона за да изгради кариера во маркетингот, таа успеа да ги изнервира другите ликови (но и многу гледачи) со нејзиното стереотипно разбирање за животот во Европа, стилот „ringarde“ и сезнајниот став, како и вклучувањето во љубовен триаголник со комшиката и пријателка, во втората сезона не изостана драмата.

Emily in Paris

Таа го запозна и Британецот Алфи, имаше турбулентна врска со Камил, а изгледа успеа да ја омекне и шефицата Силви. Втората сезона заврши на „сliffhanger“, со понудата на Силвија да и дозволи на Емили да се пресели во нејзината агенција и да остане и да живее во Париз. Дали ќе ја прифати? Со оглед на вестите за сезоните 3 и 4, слободно можеме да заклучиме дека ќе биде така, иако не се сомневаме дека идните сезони ќе бидат полни со перипетии и културни недоразбирања.

За содржината се уште не е многу откриено, но знаеме дека покрај Лили Колинс, во новите епизоди ќе ги гледаме и Лукас Браво ака згодниот готвач Габриел, Ешли Парк како Минди, Камил Разат, но и ликовите Силвија, Лука и Џулијан.

Lily Collins i Lucien Laviscount

Лусиен Лависконт, кој го отелотворува ликот на Алфи, љубовниот интерес на Емили во втората сезона, исто така стана дел од постојаната екипа. Како ќе се развива нивната врска и дали тоа значи дека Емили во новата сезона ќе патува преку каналот Ла Манш сè уште не е откриено, но креаторот и продуцент на серијата Дарен Стар откри дека Емили ќе се впушта во љубовни афери од кои ‘боли глава’, но и дека ќе истражуваме локации низ Париз – па се чини дека нè очекува уште една забавна сезона.

Нејзиното снимање започнува на 3 јуни, а иако датумот на емитување се уште не е познат, се претпоставува дека ќе биде исто како и досега, во декември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma