Илон Маск има трансродна ќерка: Поднела барање за промена на името и презимето, а не сака никаков контакт со нејзиниот татко
Најбогатиот човек на планетата во семеен проблем
Ќерката на Илон Маск одлучила да го смени името во согласност со новиот идентитет, но исто така повеќе не сака да има никаква врска со својот биолошки татко.
Имено, барањето за промена на името било поднесено во Лос Анџелес, а Ксавиер Александар Маск откако наполнил 18 години побарал промена на препознавање, односно да му се обраќаат со женско име Вивијан Џена Вилсон.
Вивијан уште од мала не се изложува на медиумите и социјалните мрежи, поради што нејзиниот идентитет досега беше криен. Вивијан има и брат близнак Грифин. Тие се родени со вештачко оплодување, за што претходно зборуваше Маск.
Мајката на ова трансродово девојче се разведе од Маск во 2008 година, а причината за кавгата меѓу ќерката и таткото не е позната.
Вивијан одлучила да го задржи презимето на нејзината мајка, кое било Вилсон. Илон засега не го коментираше ова.