КАКО МИЛИОН ДОЛАРИ! Познатата манекенка позираше во краток црн фустан! (ФОТО)
Манекенката Емили Ртајаковски го привлече вниманието на модната недела во Милано со неверојатно издание
Манекенката и актерка Емили Ратајковски важи за една од најдобро облечените луѓе во светот, а често ѝ успева во малку необични и неочекувани комбинации.
Црниот фустан со набори на половината ја истакна нејзината витка фигура, а посебен детал беше горниот дел обликуван со цврст обрач.
Колку и да беше ефектен фустанот, манекенката го спои со неочекувани обувки – високи кафени чизми, кои во овој случај беа излишни.
Инаку, Емили важи за една од најубавите манекенки на светот, а манекенската кариера ја започнала на 14 години кога потпишала договор со „ Ford Models “.
Потоа следуваат многу успешни кампањи кои ја ставаат на самиот врв на американското манекенство.