МОЖЕ ДА СЕ ПРИМЕНИ ЗА ДВАТА ПОЛА: Четирите најпопуларни сексуални фантазии
Водењето љубов е еден од најубавите моменти во секоја врска. Кога чувствувате напнатост, повлечете го партнерот во спалната соба и препуштете се на страстите или удобно седнете во кревет и уживајте, но во мислите.
Сексуалните фантазии се корисни и можат да ја поттикнат желбата и нагонот за уживање. За нив не мора да знае ниту личноста со која го делите креветот.
Ви ги откриваме четирите најчести фантазии кои се среќаваат кај припадниците на двата пола.
- Секс со повеќе луѓе
Да, една од најпопуларните сексуални фантазии е сексот со повеќе луѓе. Сепак, голем број луѓе се затворени за ваков тип на однос, па често останува само во мислите.
Совет: најдете две личности кои ви се привлечни и сексуално возбудливи и замислете место каде отсекогаш сте сакале да го правите тоа. Замислете како разменувате нежности, а можете да одредите и кој ја води главната улога – на крајот, тоа е ваш филм, можете да го режирате како сакате. И на крајот, сето тоа ќе остане во вашата глава и имагинација.
- Секс со странец
Гледате атрактивен странец во автобус или во клуб и сакате да му скокнете околу вратот и да имате див секс со него? Многу жени ја имаат оваа фантазија и можат да ја замислат. Без разлика каде и како сакате да бидете заведени или да заведувате во вашиот ум, тоа можете да го постигнете, затоа препуштете се.
- Секс на јавно место
Опасноста да бидете фатени од други за време на секс на јавно место е уште една фантазија која „се вртка“ во главите на многумина. Иако во реалноста се обидуваме да се извлечеме и не сакаме никој да не гледа кога водиме љубов, во нашата глава можеме слободно да го правиме тоа. Замислете го амбиентот, партнерот и преземете нешто – тоа сигурно ќе остане само во вашите мисли.
- Секс со доминантна личност
Многумина сонуваат да водат љубов со личност која доминира над нив. Ако немате храброст да му кажете на партнерот, имагинацијата е место каде што можете без страв да уживате во оваа фантазија. Замислете моќна личност, амбиент и запловете во мислите. Препуштете се на уживањето и не грижете се, никој нема ништо да знае за тоа. Таму сте сами.