По веста за разводот од Карлеуша, Душко со јасен СТАВ: Поранешниот фудбалер кажа само ЕДНО
После 14 години ставија точка на бракот
Пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави дека по 14 години брак се разведува од сопругот Душко Тошиќ, додека Душко се уште не се огласил во јавноста на оваа тема.
Сепак, неговиот став е јасен и дефинитивно не сака јавно да го коментира разводот или пораката на сега веќе поранешната сопруга.
– Поздрав. Не давам изјави. Благодарам – изјави Тошиќ на прашањето за разводот.
Да се потсетиме, Јелена Карлеуша вчера се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и ја извести јавноста дека нејзиниот сопруг и таа ставиле точка на бракот кој траеше 14 години и од кој имаат две ќерки Атина и Ника.
Во јавноста се шпекулираше дека нивниот брак е разнишани уште од моментот кога пејачката се најде среде афера со фудбалерот Огњен Врањеш, а двајцата јавносе препираа, па следеа и тужби еден против друг.