Ставете го ова на лицето секое утро: Овие СОСТОЈКИ се здрави и буквално ги отстрануваат знаците на стареење!
Покрај брчките, постои уште еден знак кој ги издава нашите години
Тоа се старечки дамки или флеки. Иако хиперпигментацијата е природен процес, таа излудува многу жени.
Хиперпигментацијата се јавува поради зголеменото лачење на меланин, пигмент кој ѝ дава природна боја на кожата, косата и очите.
Сепак, овој проблем може да се реши без скапи третмани, на сосема природен начин, благодарение на следните намирници:
Обично или кисело млеко
Обичното или киселото млеко се покажало како добар третман за осветлување на темните дамки на лицето, благодарение на млечната киселина. Можете да го нанесувате и неколку пати на ден со помош на кец или сунѓер.
Јаболков оцет
Доволно е во еден сад да измешате еднакви количини вода и јаболков оцет, а потоа со стапче за уши нанесете ја оваа смеса на дамките и оставете да делува неколку минути. Потоа исплакнете го лицето со млака вода, а постапката повторувајте ја два пати на ден.
Зелен чај
Користете кесички зелен чај за да ги отстраните дамките. Прво изладете ги кесичките чај, а потоа нанесете на спорниот предел. Вашето лице ќе биде посвежо и поодморено по некое време.