Вчера го прослави 56-тиот роденден: Пред две децении важеше за најубавата жена на малите екрани

17 март, 20230
o_28348137_1280

Пред дваесетина години беше омилено лице на екранот и надвор од него, па Лорен Греам беше прогласена за една од најубавите актерки, а нејзиниот лик на мајката Гилмор ги освои срцата на гледачите ширум светот. Актерката денеска го слави својот 56-ти роденден, а нејзината насмевка многумина веднаш ќе ги врати во периодот од раните 2000-ти кога се емитуваше „Gilmore Girls“. Популарната серија за мајка и ќерка се прикажуваше на телевизиските екрани од 2000 до 2007 година.

image

За улогата во таа серија доби Златен глобус, ја снимаше во нејзините триесетти и тогаш беше позната како една од најубавите жени на малите екрани. Иако продолжува да снима, внимателно избира проекти, а уште повнимателно настаните на кои ќе се појави.

Актерката не го промени многу имиџот сиве овие години и на прв поглед изгледа како и таа да не се променила. Иако многу критичари сметаа дека и таа подлегнала на трендот на естетската хирургија и дека го променила изгледот на лицето. Неодамна се појави во јавноста и јасно е дека времето било љубезно кон нејзиното лице. Лорен ја задржа својата карактеристична насмевка и бодрост.

image

Последен пат во јавноста се појави минатата година на премиерата на серијата во која глуми во „The Mighty Ducks: Game Changers“ во септември минатата година. Пред тоа, таа беше видена на улиците на американските градови. Од Њујорк до Калифорнија може да се види како ужива во прошетка или излегува во ресторани со пријателите. Покрај бројните улоги, актерката започнала и писателска кариера и објавила неколку книги: „Someday, Someday, Maybe“, „Talking as Fast as I Can: From Gilmore Girls to Gilmore Girls (and Everything in Between)“ и „In Conclusion, Don‘t Worry About It”.

image

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi -

https://finandearth.com/