Едно од најубавите природни чуда во Европа: 40 илјади вулкански столбови кои водат до морето

23 мај, 20230
62547408-prolaz-divova

Брегот на Антрим во Северна Ирска е едно од оние места во светот што изгледаат нереално, како филмски сет што не припаѓа на сегашното време и простор. И дефинитивно најинтересното такво место, скапоцен камен во круната на брегот од бајките е Giant’s Causeway – Џиновската патека.

Пред 50 до 60 милиони години, вулканска ерупција го формирала ова ремек дело на природата, кое се состои од околу 40 илјади базалтни столбови, на околу 3 километри северно од градот Бушмилс. Уникатен пример за тоа како ладењето на базалтната лава може да создаде исклучителен пејзаж, исто така беше препознаен од УНЕСКО и вклучен во списокот на светско наследство во 1986 година.

Во време кога луѓето објаснувале феномени кои не можеа да ги разберат со легенди, се родила приказната за тоа како ирскиот воин Фин МекКул изградил необични столбови за да се бори против шкотскиот ривал Бенандонер и токму на оваа приказна неверојатниот пејзаж го должи своето име.

Иако Џиновската патека била позната на локалното население, 1692 година била одредена како локалитет, кога бискупот Вилијам Кинг ја посетил областа. Требало да поминат векови и векови пред џиновската патека да го добие заслуженото внимание, а во 19 век, туристите почнаа да се собираат на север од Ирска за да ги видат столбовите кои се искачуваат до 12 метри, но и да одат по помалите до влезот во морето.

Но, Giant’s Causeway некогаш не бил безопасен. Таму во минатото потонале неколку бродови, а се уште се памети трагедијата од 16 век, кога таму се удрила галија од шпанската армада и одзела животи на повеќе од илјада луѓе.

Доколку имате шанса, дефинитивно треба да го посетите Giant’s Causeway, а ако ги погледнете неверојатните столбови, ќе ги видите интересните форми што ги создаваат. Карпи од фантастични столбови од изладена лава се нурнуваат во Ирското Море формирајќи форми кои носат имиња како што се: џиновска чизма, око на џин, овчарски чекори, саќе, џиновски орган, купишта од оџаци, џиновска порта и гребен на камила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi