Какво промашување: Нова зграда со скапи станови во Англија која свири и ги излудува соседите

30 ноември, 20230
62686439-zgrada-shoreline-crescent-u-folkestoneu-koja-pisti-i-zivcira-susjede

Новиот блок од луксузни станови Shoreline Crescent, изграден од британскиот милионер Сер Роџер Де Хан во Фолкстоун, Кент, предизвика бес кај жителите таму.

Зградата, со 84 станови по цена од 430.000 до 1,8 милиони фунти, ги држи соседите будни цела ноќ.

Становите се сместени веднаш на брегот на морето, а се верува дека ветерот што минува низ заоблената ограда на балконот испушта свиреж што ги излудува луѓето од Фолкстоун.

Локалните жители во овој пристанишен град на југот на Англија се жалат на страшна бучава, опишувајќи ја како комбинација од звуци на харфа и ксилофон.

Тие тврдат дека звуците ги прогонуваат и потсетуваат на ѕвонењето во ушите кое најчесто се поврзува со тинитус. Затоа новата зграда со потсмев ја нарекуваат тинитус зграда.

Колку се посилни ветровите во Фолкенстон, толку е понеподнослива вревата.

„Почекајте да почне зимското невреме“, посочуваат жителите во коментарите на социјалните мрежи, „дури тогаш ќе имаме вистински проблем“.

Слушнете како звучи Shoreline Crescent кога дуваат силни ветришта во видеото на YouTube на весникот Independent подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma