Можеби ќе се изненадите но сепак оваа земја во светот е најскапа за живот

29 ноември, 20230
Бермуди

Платформата World of Statistics,која собира податоци и статистики од различни области,објави листа на најскапите земји за живеење во светот.Според нивните податоци,кои ги пренесуваат од Numbe,сајт кој се занимава со трошоците за живот во земјите ширум светот,најскапата земја во светот за живеење се Бермудите.

Според овие податоци,Швајцарија е на второ место,додека Кајманските острови се на трето место.Четврта најскапа земја се Бахамите,а Исланд е петта најскапа земја за живеење во светот.Следуваат Сингапур,Барбадос,Џерси,Норвешка и Данска.

 

Бермудите се даночен рај
Стандардот на Бермуди е висок,немаат многу жители,а во главниот град Хамилтон живеат околу 3000 луѓе.Најзначајна стопанска гранка е туризмот со околу 40% од бруто социјалниот производ.Бермудите се исто така даночен рај,а на островите се наоѓаат кредитни институции и осигурителни компании.

Практично нема невработеност.Повеќе од 80% од буџетот е наменет за социјални надоместоци и образование.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma