СОЛЕНИ СТАПЧИЊА СО ФЕТА! Совршен појадок од само 4 состојки
18 март, 20230

Тестото за ова пециво брзо и лесно се подготвува, а одлично е за појадок или за ужина.
СОСТОЈКИ:
- 500 гр брашно
- 500 гр фета
- 250 гр путер
- 1/2 прашок за пециво
Подготовка:
Замесете тесто од состојките. Направете топка и ставете ја во фрижидер час до два. Расукајте го тестото и исечете го на стапчиња.
Намачкајте со жолчка од јајце и посипете со ким. Печете 15 минути на 180 степени.