Состојките сигурно веќе ги имате во кујната: Израдувајте ги вашите усни со ДОМАШЕН пилинг и никогаш повеќе нема да бидат суви и испукани
19 февруари, 20230
![Screenshot_3](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/03/Screenshot_3-28.png)
Резултатите се фантастични и лесно се прави
Ветер, сув воздух, ниски температури, сето тоа остава последици врз изгледот на усните. Поради овие околности тие стануваат суви, пукаат и воопшто не изгледаат привлечно.
Секогаш е најдобро да се користи природна козметика, а најдобро е таа козметика да потекнува од нашата кујна и самите да ја направиме. Затоа најдовме многу едноставен и ефикасен рецепт.
Потребни состојки:
- Четвртина шолја ситно мелени зрна кафе
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 лажица зачин од тиква
- 2 и пол лажички маслиново масло
- 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Сите состојки убаво измешајте ги додека не добиете хомогена смеса. Истурете ја смесата во мала стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.
Користете по потреба.