Том Хенкс доби три номинации за Златна малина

24 јануари, 20230
tan2020-5-152225422190-830x0

Том Хенкс е еден од актерите во конкуренција за освојување на Златната малина, наградата која се доделува за најлоши филмски остварувања.

Тој беше номиниран во две улоги. За улогата на Том Паркер, менаџер на Елвис Присли во филмот „Елвис“, како и за улогата на Џепето во римејкот на Дизни на „Пинокио“. Во соопштението за печатот се наведува дека улогата на Хенкс во Елвис е „најисмејуваната изведба во 2022 година“.

Номиниран е и во категоријата „најлош филмски состанок“, а тоа е „Том Хенкс и неговото лице полно со латекс (со смешен акцент)“, пишува Index.hr.

Покрај филмот „Пинокио“, за најлош филм е номиниран и филмот „Blonde“, биографски филм за Мерлин Монро, во кој Ана Де Армас ја игра главната улога.

Инаку, Том Хенкс е во потесниот избор за Оскар за најдобар актер за филмот „Човек наречен Ото“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş