ЈА СУШАТ КОЖАТА, ГИ ЗГОЛЕМУВААТ МОЗОЛЧИЊАТА: НИКОГАШ НЕ нанесувајте ги овие работи на лицето иако ги имате во БАЊАТА!

7 јануари, 20230
Screenshot_4

Сите жени сакаат да експериментираат со производите за нега, а домашните маски и лосиони отсекогаш биле популарни. Сепак, не треба да се следат сите совети слепо

 

Додека многу „домашни производи“ можат многу успешно да ги заменат купените производи за нега, експертите ги советуваат жените да внимаваат што ставаат на лицето и да не нанесуваат на кожата сè што ќе им дојде при рака и што ќе го најдат во бањата.

 

Никогаш не треба да ги користите овие работи за нега на лице:

 

Алкохол

Алкохолот често ги дезинфицира раните, но по никоја цена не го нанесувајте на мозолчиња или рани на лицето. Ќе ја исушите кожата за миг!

 

Шеќер

Веќе е познато дека прекумерното консумирање шеќер доведува до слабеење на еластичноста на кожата, а со тоа и опуштеност на кожата и брчки. Експертите велат дека не се работи само за внесување на шеќер, туку дека истото може да го направи и шеќерот што го ставаме на кожата.

 

Верувале или не, многу жени користат лосион за тело како крем за лице. Ова е сосема погрешна процедура бидејќи кожата на лицето е понежна од кожата на телото, па затоа и се потребни малку помеки и пофини производи. Исто така, лосионите за тело често содржат парфеми, кои можат да му наштетат на лицето.

 

Сода бикарбона

Често се спомнува во рецептите за домашни пилинзи на лице, но размислете малку- ако може да ги избели забите, дали навистина може да биде безбедна за вашето лице?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma