По сите скандали кои ѝ се случија во последните десет дена, Ана Николиќ има желба да го промени својот живот од корен.
Ова го тврди нејзин близок пријател кој добро ја познава целата ситуација. Тој инсистираше на анонимност, но открива детали од приватниот живот на пејачката на кои работи откако беше објавено видео на кое се гледаат рани на нејзиното лице.
Според зборовите на блискиот пријател, Ана бара експерт кој ќе ѝ помогне да ја залечи кожата, а планира да се пресели во родната Доња Мутница.
– Не отиде Ана тукутака во родниот крај кој го обожава. Самата е свесна дека има проблем и дека мора да го надмине заради себе и детето. Таа има семејна куќа во селото која сака да ја реновира и да ја приспособи на нејзините потреби и на потребите на нејзината ќерка. Таа сака да живее таму некое време, бидејќи верува дека таму може да се опорави и физички и психички. Во Белград ќе доаѓа само ако треба. Ана моментално бара специјалист кој на адекватен начин ќе ѝ го реши здравствениот проблем. Не сака да ризикува, туку сака да му се довери на дерматолог на кој може да му верува, кој ќе и гарантира лекување, а докторот ќе биде причината поради која ќе доаѓа во Белград – вели тој и продолжува:
– Проблемот кој го има трае со месеци. Нанесуваше креми кои воопшто не ѝ помогнаа. Слушала погрешни луѓе и сега дефинитивно реши да си помогне на вистински начин – заклучува близок соговорник до пејачката за „Пинк“.
Николиќ неодамна излезе пред медиумите и ја објасни ситуацијата од нејзина гледна точка:
– Предавањето не е опција! Супер сум, што? Ви испратив кафе да се освежите. Не ни знаев каква поддршка имам од луѓето. Кога Бог ќе ти одземе нешто… Да, изгледам како силна жена, но всушност тоа може да биде тешко и напорно. Секогаш сум добро. Немам право да не сум добро. Тоа е работата, таква е, едноставна. Никогаш не ги читав коментарите, да ги читав, ќе завршев во лудница, каде што дефинитивно ќе завршам, има време. Сега морам да работам – изјави Ана.