Пејачката по објавувањето на фотографијата предизвика лавина реакции
Ана Николиќ во последно време е честа тема во медиумите. Многумина се загрижени за состојбата на пејачката, особено откако се појави видео на кое се гледаат рани и лузни на нејзиното лице.
Се шпекулираше дека раните се резултат на употреба на алкохол и опијати, но Николиќ тоа остро го демантираше.
Неодамна се појави на роденденот на својата ќерка Тара со три часа задоцнување, а „Курир“ пишува дека доживеала несреќа и не можела да стигне на време. Судејќи според пишувањето на споменатиот медиум, таа паднала, но немала време да се врати во станот и да се пресоблече.
Сега објави фотографија во краток зелен фустан на која јасно се гледаат подливи и модрици.
Фановите беа загрижени, судејќи според коментарите, но многумина претпоставуваат дека подливите се резултат на падот.