Ана Николиќ го коментираше автобиографскиот филм на Стефан Ѓуриќ Раста „3211“,чија премиера беше синоќа.
Стефан Ѓуриќ Раста синоќа го претстави својот долгонајавуван автобиографски филм „3211“.Премиерата се одржа во Белград,а и покрај тоа што многумина очекуваа на проекцијата да се појави поранешната сопруга на раперот,Ана Николиќ,таа беше отсутна.
Бидејќи во исто време се одржуваше роденден во ресторан во Скадарлија,каде последна пристигна Николиќ,медиумските екипи,ја прашаа дали знае за што се работи во филмот на Ѓуриќ:
– Знам што се случува,па јас сум продуцент на тој филм – беше кратка Ана.
Да потсетиме,раперот синоќа на премиерата пристигна во друштво на својата девојка Марија Балабан и ќерката Тара.Тој не даде изјави,но она што засега е познато е дека на „3211“ му недостигаа сцените од гостувањето на пејачката во затвор,како и шокантната средба на Раста и неговата мајка.