Во брак се 20 години,речиси никогаш заедно во јавност:Љубовната приказна на Џибони и Сања е обвиткана во превез на мистерија

popara24 октомври, 20234min00
Џибони

Тие се доказ дека секоја младешка љубов не е осудена на пропаст.Една од најголемите регионални музички ѕвезди, кантавторот Златан Стипишиќ Џибони одржа голем концерт во Белград на кој присуствуваа многу познати личности.

Препознатлив по своите емотивни,љубовни песни,Џибони со години ја носи титулата еден од најпознатите баладни пејачи на нашите простори и пошироко.Емотивен,искрен,верен е и во приватниот живот во кој со години ужива со една жена – Сања со која е во брак повеќе од 2 децении.

Иако важи за миленик на женската популација,се чини дека среќата одамна ја нашол и не ни помислува да се откаже од неа.И покрај успешната кариера на нејзиниот сопруг и големата популарност,сопругата на Џибони избра да не се експонира јавно.

Таа со години вешто избегнуваше да биде во центарот на вниманието и навистина се ретки моментите кога можевме да ја видиме во јавност, па веројатно многумина не ни знаат како изгледа Сања.

Љубовната приказна на овој славен пар е многу интересна.Џибони и Сања се заљубиле кога биле деца,бидејќи живееле во Сплит.Од мали нозе имаа чувства еден за друг,а на вечна љубов се заколнаа во 90-тите.

Знаејќи колку може да биде деструктивна популарноста за бракот,Џибони вешто ја криел својата интимност со години, толку што ни во биографијата насловена „Тајната вештина“ не сакал да открие ниту детаљ од венчавката.Сè што сакаше да каже е дека е „скромно и дискретно“.

Сепак,постојат факти кои и се познати на јавноста.Свадбата се одржа во Дубрава,Загреб,а Сања и Џибони имаат три деца,поќерката Тања,која е родена во 1988 година,и синовите Ранд, роден 1998 година и Лоренц,роден во 2005 година.

Дури и кога дава интервјуа Џибони,тој не открива речиси ништо од приватниот живот,но не крие дека е среќен,и дека смета дека е голем дар од Бога што му ја испратил жената на својот живот.

– Ние сме едноставно луѓе кои се пронајдовме многу пред да ми се случи популарноста и имаме врска која е сосема нетипична, многу поздрава и вака кажано,поискрена.Имав среќа да запознам таква жена – изјави еднаш за магазинот „IN“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @showbizz_fotke

Откако се запознале во детството,јасно е дека на почетокот биле „само“ пријатели,а подоцна се родила љубов.Џибони верува дека тоа било добро за нивната врска.

– Создадовме врска базирана на љубов и доверба.Сè што ни се случило од долгото познатство и никогаш немавме потреба да се лажеме,ниту да глумиме – изјави претходно во интервјуто,а потоа додаде:

– На почетокот на нивната врска,кога штотуку ја започнав кариерата,мојата сопруга беше таа која не издржуваше,што ми пречеше бидејќи јас како маж чувствував потреба да придонесам за семејството,па конечно се согласив да пишувам песни за моите колеги,од што се срамев во тоа време.

Тој објасни дека тоа му ги донело парите што му се потребни за секојдневниот живот.

– А јас сум човек,далматинец,ако разбирате.Не можев да се опуштам без да платам сметки -искрен беше уметникот за “Slobodna Dalmacija”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag